Правна поддршка во која верувате!

Бесплатана Професионална асистенција при навигација низ бирократските и правните процедури

Што претставува Граѓанската правна клиника?

Тоа е независно и демократско тело, создадено како сервис на граѓаните кои биле оштетени во судски постапки или се сомневаат дека правдата била искривена.

Клиниката ќе служи за:

• следење на независноста и непристрасноста на судството,

• поддршка на оштетени странки,

• приближување на правдата до граѓаните преку доктрина заснована на докази и европски стандарди.

Со оваа иницијатива започнува нова страница во правниот и академскиот живот во Македонија – борба за транспарентност, отчетност и владеење на правото.

Г-дин Благој Механџиски

Иницијатор и покровител на граѓанската правна клиника

Ваш доверлив партнер за решавање на правни прашања со државните институции и судовите.

Власта и правото се НАРОДОТ.
Граѓаните преку правото СЕ ВЛАСТ.
®

Државата е загрозена од корупираните умови- во извршната власт и правосудниот систем.®

Ние не треба да се плашиме,

треба да се срамиме.®

Нема правда поддеднакво за сите:

Тука ќе Ви биде Вашата Граѓанската Првна Клиника- Ваша семејна правна клиника.

Ако ние земјата, не ја одбраниме од корумпирано судство и обвинителство, СУДБИНАТА НА ЗЕМЈАТА- ЗАЕДНО СО ГРАЃАНСТВОТО-

-НИВНАТА СУДБИНА ЌЕ БИДЕ ОСТАВЕНА НА МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ.

Поддржуваме мирна и систематска реорганизација на правосудниот систем.
Очекуваме да се сретнеме со бројни правни дилеми и аномалии, кои најдобро се препознаваат во слоганот „Чудно, но вистинито“.

Во управниот и јавниот простор - Граѓанската правна клиника ќе обезбеди јасен наратив и ќе дејствува како коректив кон институциите и правосудните чинители - структури во кои довербата на граѓаните падна на помалку од 2%.

Начинот на функционирање на правосудниот систем е толку пирамидален и затворен, што остава впечаток на монархистичка структура - како да ни наметнаа потребата- да доделуваме титули кога ги цитираме нивните претставници.

Каде владее правото таму има перспектива.®

Експертски правни услуги

Ваш доверлив партнер за решавање на правни прашања со државните институции и судовите.

Бесплатна Правна помош и поддршка

Помош за граѓани на кои им е потребна правна поддршка.

woman holding sword statue during daytime
woman holding sword statue during daytime
Бесплатни Правни консултации

Обезбедуваме правни консултации и поддршка за граѓани кои се соочуваат со различни правни прашања и постапки.

Стручно застапување пред суд за заштита на вашите права.

Бесплатно Правно застапување во судски постапки
man in black shirt sitting beside woman in white shirt
man in black shirt sitting beside woman in white shirt
a judge's gaven on a wooden table
a judge's gaven on a wooden table