За Нас
Демократската и правната заедница во нашата држава повеќе од три децении се соочува со сериозни корупциски влијанија во обвинителско-судскиот систем, со катастрофални последици за странките во постапките. Граѓаните, од рамноправни учесници, често стануваат оштетени страни со дерогирани права, додека судиите и обвинителите остануваат без одговорност и отчетност.
Поради недостаток на статистички податоци и системска анализа за ваквите случаи, се јавува потреба од формирање на ново тело – Граѓанска правна клиника, кое ќе работи на јакнење на правдата и правичноста во духот на измените на Законот за кривична постапка од 2010 година.
Сведоци сме на чести, сомнителни измени на законите и партиски влијанија при нивното донесување, што создава правен хаос во судството. Како последица, судбината на странките често зависи од центри на моќ наместо од правдата.
Граѓанската правна клиника ќе биде заштитник на граѓаните кои ќе достават пресуди за веќе завршени случаи (res judicata), со цел да се детектираат злоупотребите и да се процени причинетата материјална и нематеријална штета.
Таа ќе биде глас на оштетените странки и гарант дека правдата не завршува со пресуда, туку со одговорност на оние кои ја прекршиле.
Организациската структура ќе вклучува:
Кривична правна поликлиника
Граѓанска правна поликлиника
Поликлиника за деловна способност
Етички кодекс и деонтологија
Тимот ќе се состои од правни експерти, адвокати, професори, студенти, меѓународни експерти и поранешни судии од Европскиот суд за човекови права.
Клиниката ќе има и економски оддел кој ќе пресметува финансиска штета за оштетените странки.
Нејзината повисока цел е враќање на довербата на граѓаните во судството и зајакнување на правдата како темелна вредност на општеството.


Локација